ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП го врати Костовски и се засили со стоперот Бановиќ од Црна Гора

Македонија Ѓорче Петров вчера ги започна подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Лавовите“ веќе промовираа две нови имињата во тимот.

Во редовите на Македонија ЃП се врати 25-годишниот Кристијан Костовски. Крилниот играч се враќа кај „лавовите“ по две години од редовите на Тиквеш со кој обезбеди место во ПМФЛ. Костовски во својата кариера го има носено и дресот на Силекс во два наврати.

Покрај Костовски, Македонија ЃП е посилна за Балша Бановиќ. 23-годишениот стопер доаѓа од екипата на Дечич Тузи, а во својата кариера Црногорецот има настапувано и за Подгорица, Отрант Олимпик и ОФК Титоград.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!