ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Македонија ЃП го промовираше Бојан Илиевски

Македонија Ѓорче Петров денес го промовираше Бојан Илиевски како ново засилување.
22-годишникот потпиша договор со „лавовите“ и ќе биде ново име кај прволигашот од Ѓорче во дефанзивата. Илиевски доаѓа од редовите на Работнички каде одигра 30 натпревари постигнувајќи еден гол и една асистенција.
Во својата кариера Илиевски настапуваше уште и за Пелистер, неговиот матичен клуб.