ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП го претстави Попзлатанов

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров денес претстави уште едно засилување за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Во дресот на „лавовите“ позираше Јован Попзлатанов, кој е најново засилување за екипата од Ѓорче.

24-годишниот крилен играч во Македонија ЃП доаѓа од редовите на РФС од Рига каде настапуваше изминатите шест месеци. Претходно, Попзлатанов настапуваше за Вардар, Пелистер, Тетекс и Маџари Солидарност.

„Лавовите“ до сега имаат одиграно два теста, првито со Тиквеш каде беа поразени и вториот со Работнички каде запишаа триумф.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!