ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП ги промовираше Робсон да Силва, Чарлестон и Ајрулаху

Македонија Ѓорче Петров денес официјално ги промовираше трите нови засилувања во екипата.

„Лаловите“ од денес ќе бидат посилни за офанзивецот Робсон да Силва, стоперот Чарлестон и крилото Изет Ајрулаху.

Бразолскиот ас Робсон доаѓа од Беласица и е повратник во екипата на Македонија ЃП, бидејќи минатата сезона беше дел од „лавовите“. Чарлестон доаѓа од актуелниот шампион Вардар, додека Ајрулаху пристигнува од второлигашот Скопје.

Македонија Ѓорче Петров ќе има пролетни предизвици како во првенството така и во Купот. „Лавовите“ имаат за цел да го осигурат местото за излез во Европа, а исто така имаат шанси и за шампионска титула во домашното првество, но и во Купот на Македонија.

Екипата на Жикица Тасевски пролетната полусезона ја отвараат на гостински терен кај амбициозната Струга Трим Љум.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!