ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Македонија ЃП до „лавовска“ победа над Силекс кој запиша нов пораз

Македонија Ѓорче Петров конечно победи, откако денес на домашен терен со минимални 1:0 славеше над Силекс од Кратово, во меч од 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мавунио Коџо кој стрелаше во 19. минута.

Силекс го впиша вториот последовален пораз и останува во опасната зона, односно на деветтото место на табелата со 23 освоени бодови, додека „лавовите“ се на високото трето место со 38 бодови.

Табелата од Првата лига можете да ја погледнете ОВДЕ.

Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни останатите натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!