Македонија до Мундијалот во Катар најпрво преку Италија, потоа финале со Португалија или Турција

Денес во Цирих беа извлечени шесте пара од полуфиналето за бараж на Светското првенство во Катар. Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со селекцијата на Италија на гостински терен во полуфиналето.
Доколку нашите репрезентативци ги добијат Италијанците тогаш ќе играат финале против подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција исто така на гостински терен.

Ќе се одигра еден натпревар, односно победник мора да има во еден натпревар, а истите ќе се одиграат на 24 и 25 март следната година.
Бараж натпревари за пласман на Мундијалот во Катар:
Шкотска – Украина
Велс – Австрија
Русија – Полска
Шведска – Чешка
Италија – Македонија
Португалија – Турција
Веќе пласман за СП обезбедија Катар, Германија, Данска, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Франција, Швајцарија, Холандија и Аргентина.