ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонија до 21 продолжува со подготовките за Хрватска. Димитар Тодоровски: Сакаме да го освоиме турнирот

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска ќе го одработи последниот тренинг пред заминувањето за Хрватска.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21 до 26 септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Хрватска.

На контролниот турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мури, учество ќе земат квалитетни репрезентации како домаќинот, Албанија и Саудиска Арабија.

Атмосферата во нашата репрезентација е на едно високо ниво, а еден од клучните играчи во репрезентацијата, Димитар Тодоровски очекува Македонија да продолжи со добрата игра и победничката серии.

Се подготвуваме одлично за претстојните предизвици што не очекуваат. Со нетрпение го очекуваме првиот дуел со Албанија. Сакаме да продолжиме со добрите игри. Започнавме одлично, со две победи над незгодната селекција на Босна и Херцеговина. Сакаме да продолжиме во ист ритам, целта е остварување на две победи и освојување на турнирот. Нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Подготвен сум максимално и фокусиран на репрезентативните предизвици, добрата форма во која се наоѓам сакам да ја пренесам и на теренот. Секогаш е чест и гордост да се носи дресот со државен грб. 

Првиот натпревар репрезентацијата на Македонија го играме против Албанија на 23. септември.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!