ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонија до 19 години убедливо загуби од Бугарија на контролниот натпревар во Анталија

Македонската репрезентација до 19 години убедливо со 4:0 загуби од соодветната селекција на Бугарија на пријателскиот натпревар во турска Анталија. 

Без шестмина стандардни фудбалери (Лука Станковски, Методи Максимов, Димитар Тодоровски, Марио Илиевски, Кристијан Тасевски и Берат Калкан), кои поради клупски обврски не се вклучени на подготовките, македонската репрезентација не можеше сериозно да им се спротивстави на врсниците од Бугарија. Дополнителен хендикеп за селекторот Арслани беше и отсуството на Луан Абази кој заработи повреда на вчерашниот тренинг. 

Во 34. минута, Трифонов го отвори резултатот, а во второто полувреме истиот фудбалер зголеми на 2:0 по еден од игра. Двоен стрелец за Бугарија беше и Сираков.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!