ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонија до 17 години со 6:0 славеше против Андора

Македонската репрезентација до 17 години ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Ирска.

Вчера ја совладавме селекцијата на Андора со 6:0 и со четири бодови ги завршивме натпреварите во групата со Полска, Р.Ирска и Андора. Официјално сме третопласирани на табелата, зад Полска, односно Ирска кои одиграа 2:2.

Првите две репрезентации одат директно во следната елитна фаза од квалификациите, додека пак ние како трети ќе мора да го почекаме расплетот на останатите групи за да биде во целост комплетиран првиот квалификациски круг.

Најдобрите четири третопласирани селекции, одат во следната фаза, а засега ние сме на второто место зад БИХ.

Македонската репрезентација до 17 години целосно доминираше на мечот против Андора. Назифи постигна три погодоци, Стојанов на два пати стрелаше прецизно, а погоди и Ѓоргиевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!