Одбојка

Македонија денес против Турција за пласман на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија денес го игра последниот натпревар од квалификацискиот турнир кој се игра во Скопје за пласман на Европското првенство. Македонија вечерва ќе игра со големиот фаворит Турција, против која загубивме пред три дена во првото соочување.

Македонија вчера имаше слободен ден, после победата на Босна и Херцеговина, одморени и со повеќе сили денес ќе се обидиме да го изненадиме фаворитот Турција.

Целта на нашите одбојкарки ќе биде победа со 3:0 или 3:1 и сигурно учество на Европското првенство. Втората опција е да се освојат повеќе сетови и бодови, кои ќе имаат важна улога во конкуренцијата на најдобрите второпласирани репрезентации.

Поврзани Наслови

Натпреварот вечерва стартува со почеток од 18:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!