Македонија без Манасков против Швајцарија која не знае за победа против нас!

Ракометната репрезентација на Македонија веќе обезбеди место на Европското првенство кое ќе се одржи следната година во Унгарија и Словачка, а денес го игра последниот натпревар против Швајцарија. Иако обезбедивме место тоа не ги менува амбиции на нашите ракометари предводени од Кирил Лазаров денес да запишат нова победа во Скопје и победнички да ги затворат квалификации.
Традицијата е на наша страна:
- 07.11.2020 – Швајцарија 23:25 Македонија
- 10.06.2015 – Швајцарија 17:26 Македонија
- 29.10.2014 – Македонија 27:20 Швајцарија
- 12.06.2013 – Швајцарија 22:27 Македонија
- 31.10.2012 – Македонија 30:24 Швајцарија
Во составот на Швајцарија има само една ѕвезда на која треба да се внимава тоа е Енди Шмид. Во нашиот состав нема да настапи Дејан Манасков поради повреда која ја доби на средбата со Финска, а Манасков го пропушти и првиот натпревар против Швајцарците.
Македонија е максимално подготвена, нашиот голман Митревски вели дека нема ништо послатко од победа со репрезентација, додека Лазаров вели дека ќе се обидат да победат на Велигден за наша душа.
Судии на овој натпревар во кој Македонија влегува како фаворит за победа се Бојан Лах и Давид Сок од Словенија
Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се игра денес, во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.