ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Македонија без Дарко Чурлинов против Грузија и Бугарија

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов поради повреда нема да може да се стави на располагање на А тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Грузија (Тбилиси, 23. септември) и Бугарија (Скопје, 26. септември) од групата во Лига на нации.

Лекарските прегледи потврдија дека напаѓачот на англиски Барнли не е во можност да му помогне на репрезентативниот тим за претстојните мечеви поради повреда на задниот бутен мускул. 

Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Грузија и Бугарија е закажан за 19. септември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје. 

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!