Маџари Солидарност на дерби против Фортуна, Башкими против Студена Вода

Утре стартува 14. коло од Третата лига – Север. Колото ќе биде отворен со воведниот натпревар меѓу „фенерџијата“ Речица и Њу Старс. Апсолутен фаворит на овој натпревар ќе биде екипата на Њу Старс, па очекувано ќе биде дека бодовите ќе ги земе гостинот кој има голем квалитет.
Колото ќе биде комплетирано во недела кога ќе бидат одиграни останатите шест натпревари.
Илинден на домашен терен ќе се соочи со Волково, во меч во кој домаќинот ќе биде фаворит за трите бодови со кои ќе направи чекор напред во борбата за сигурен опстанок.
Маџари Солидарност и Фортуна го играат дербито на колото на „Борис Трајковски“. Двете екипи имаат голем квалитет и водат битка за првото место, а со тоа и промоција во Втората лига – Запад. Фортуна е втора на табелата и има само еден бод помалку од лидерот Беса Влазрими, додека Маџари е трет на табелата и има негатива од седум бодови во однос на лидерското место.
Лидерот Беса Влазрими дома ќе ги одмери силите со Раштак, во натпревар во кој лидерот ќе биде голема фаворит за 12-та сезонска победа.
Њу Јорк на домашен терен ќе игра против „незгодниот“ Петровец. Интересен дуел во кој двете екипи имаат за цел подобар пласман на табелата. Евентулана победа за домаќинот ќе значи можност од напредок за две места на табелата, додека евентуална победа на Петровец ќе значи замена на местата на табелата со Њу Јорк, односно Петровец би бил шести, а Њу Јорк седми.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Риниа ќе ја пречека ССК Нова. Двете се борат за сигурен опстанок во третолигашкото друштво, па императивот за победа е голем и на двете страни. Риниа со победа ќе направи голем исчекор во опстанокот, а ССК Нова со три бода може конечно да ја напушти опасната зона.
Башкими игра дерби со екипата на Студена Вода. Гостинот ќе биде под притисок за победа доколку сака да остане во сериозни шанси за лидерското место, додека Башкими кој бележи позитивни резултати и фати приклучок кон средината од табелата ќе истрача по шеста сезонска радост.
Сите натпревари ќе започнат во 15:00 часот.