ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Љупчо Марковски не е веќе тренер на Работнички

Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. По вчерашниот убедлив пораз (5-0) од Шкупи, тој заминува од функцијата. Марковски поднесе оставка од морални причини.
На куп-натпреварот што претстои в среда против третолигашот БВК Коњари тимот ќе го води досегашниот прв асистент Стојан Игњатов.