ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Љупчо Димитковски е нов тренер на Каменица Саса

Љупчо Димитковски е нов тренер на второлигашот Каменица Саса. Досегашниот тренер Иван Варадиновски си замина од клубот по четири одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига и еден натпревар во Купот на Македонија, каде „рударите“ беа елиминирани од Вардар.

Искусниот Димитковски седнува на клупата со цел да ја извлече Саса од големата резултатска криза. По четири одиграни кола во ВМФЛ екипата на Саса има само еден бод, постигна скор од три порази и само едно реми против Слога во Виница.

Целта на новиот тренер кој доаѓа од Кавадарци ќе биде сигурен опстанок со Саса во второлигашкото друштво.

Во својата тренерска кариера, искусниот Димитковски го предводеше прволигашот Хоризонт Турново кој избори „виза“ за Европа, ги водеше и Тиквеш, радовишка Плачковица, Еуромилк ГЛ и Кожуф од Гевгелија.

Денес во рамки на 5. коло од ВМФЛ екипата на Саса на домашен терен ќе се соочи со Беласица, екипа која исто така е во резултатска криза.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!