РакометРакомет - Суперлига

Љупче Мијалов поднесе оставка, РК Радовиш ќе бара нов тренер

Ракометниот суперлигаш Радовиш остана без тренер, откако Љупче Мијалов поднесе оставка од клубот.

Како што дознава ексклузивно Спортска Мрежа, тренерот Мијалов кој долги години го води клубот, денес ја поднесе оставката од морална одговорност. Засега не се знае дали тој ќе остане во клубот.

Раководството на радовишкиот суперлигаш мора експресно да бара нов тренер, со оглед на фактот дека во сабота ги очекува дерби со лидерот Тиквеш на домашен терен, а притисокот за победа и три бодови ќе биде голем со цел радовишани да фатат приклучок кон местата за сигурен опстанок.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!