Европски ФудбалФудбал

Лукаку ги изненади сите – откри каде ќе игра следната сезона и веќе разговарал со новиот тренер!

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ги реши сите дилеми околу својата иднина во интервју за „hln.be“. Напаѓачот на Интер и најдобар играч во Серија А по завршувањето на сезона беше интензивно поврзан со заминувањето од „Џузепе Меанца“, особено откако Антонио Конте го крена сидрото.

Сепак, Лукаку нема да го напушти Интер, барем не оваа сезона, иако за неговите услуги беа заинтересирани Манчестер Сити и Челзи. Еден од најдобрите играчи на белгиската репрезентација потврди дека веќе имал разговор со новиот тренер на „нераѕурите“ Симоне Инзаги, и дека му рекол дека сака да остане во Интер каде се чувствува добро.

„Да, останувам. Веќе имав разговор со новиот тренер. Можеби не требаше да го кажам тоа, но тоа беше позитивен разговор. Се чувствувам добро во Интер“, изјави Лукаку.

Лукаку оваа сезона одигра 44 натпревари во сите натпреварувања за Интер, и постигна 30 погодоци со десет асистенции. Белгискиот репрезентативец е член на „нераѕурите“ од летото 2019 година, кога пристигна од Манчестер Јунајтед со трансфер, според „Трансфермаркет“, вреден 74 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!