Европски ФудбалФудбал

Луис Енрике го откачи Јунајтед

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Луис Енрике ја отфрли можноста да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер објави дека Енрике не е во преговори со клубот од „Олд Трафорд“ бидејќи сака целосно да се фокусира на обврските на репрезентацијата на Светското првенство следната година.

„Црвените ѓаволи“ неодамна го отпуштија Оле Гунар Солскјер по серијата лоши резултати, а на негово место привремено дојде Мајкл Керик. Во првиот меч со него на клупата во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Јунајтед го совлада Виљареал со 2:0.

Репрезентацијата на Шпанија го освои првото место во групата Б од квалификациите и директно се пласираше на Светското првенство во Катар.

Педесет и едногодишниот Енрике во својата тренерска кариера има работено во Барселона, Рома и Селта.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!