ФудбалФутсал

Луд натпревар во Тетово со осум гола: Реми меѓу СЕЕ Университи и Овче Поле

Во Тетово се одигра еден интересен и незвесен натпревар од 11. коло од Втората футсал лига меѓу СЕЕ Университи и Овче Поле кој заврши без победник, 4:4. Домашната екипа имаше водство, потоа следуваше пресфрт и водство за гостинската екипа од Свети Николе, кој прими гол во финишот за поделба на бодови.

Домаќините во 4. минута со гол на Љиворека Ермал дојдоа до водство од 1:0, а само три миути подоцна Џемаили Бленд зголеми на 2:0. Во 15. минута Јованов Икица постигна гол и намали на 2:1. Две минути беа потребни за СЕЕ Университи да зголеми на 3:1.

На стартот од вториот дел Смиљков Павел намали на 3:2, а десет минути подоцна Стојковиќ Никола постигна гол за 3:3. Мотивот за победа и три бодови кај гостите беше голем, кој по една минута од израмнувањето, Русевски Павел постигна гол за водство од 3:4. Овче Поле се бранеше за дома да однесе три бодови, но во самиот финиш Агизов Гезим ја погоди противничката мрежа за 4:4.

Во следното коло Овче Поле на домашен терен ќе игра со Енхалон, додека СЕЕ Университи ќе гостува кај Велешта.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!