Луд меч во Неготино: Вардар ја тресна Марена, Превалец го декласираше Росоман, триумф за Големо Коњари

Денес беа одиграни натпреварите од 19. коло на Третата македонска фудбалска лига. Луд меч беше одигран во Неготино каде паднаа 11 погодоци, а на крај Вардар беше подобар од Марена со 6:5.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Во првиот дел неготинци беа убедливи со 6:3 на полувреме и со тоа ја најавија победата и трите бодови на патот кон баражот за Втората фудбалска лига. Хет-трик за Вардар постигна Петар Ристовски, двоен стрелец беше Горан Соколов, а стрелец на првиот гол за Вардар беше Петар Најдов.
За гостите Александар Велјанов три пати стрелаше, а по еден гол постигнаа Роналдо Фазлиов и Давид Елезов.
Динамо со 4:2 триумфираше над Ново Црнилиште на крилата на Мартин Мечев кој постигнат хет-три,, а трелец на вториот гол за домаќинот беше Димитар Китаноски. За гостите погодија Беџахудин Сулејмани и Ерџан Ибраимоски.
Слога 1976 со двата погодоци на Адмир Угљанин и едниот гол на Александар Неделкоски триумфираше над Младост 1930 на домашен терне.
Бучин и Обршани одиграа 1:1 и го поделија „пленот“. За домаќинот стрелаше Ѓорѓија Мургоски, а пак Пеце Аџиоски си постигна автогол.
Превалец на домашен терен го декласираше ланскиот второлигаш Росоман кој немаше сили да парира на налетот на домаќинот. Двоен стрелец за Превалец беше Бобан Атанасовски, а по еден гол постигнаа Трајче Ѓорѓиевски, Ангел Гаштев, Кристијан Маневски, Антонио Чоков, Бобан Дукадиновски и Пеце Стојанов. За Росоман хет-трик постигна голгетерот Игор Ѓорѓиев.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Вардар останува непоразен лидер во Трета лига – Југ со 47 бодови, пред Превалец кој е втор со три бодови помалку. Некогашниот второлигаш Питу Гули е трет со 35 бодови, а бод помалку има ланскиот второлигаш Росоман кој е четврти.
Првопласираната екипа ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.