ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Љуботен убедлив против Дрита, Влазерими Ј 1977 го „здроби“ Камјани

Денес беше одиграни 6. коло од Трета лига – Запад, односно беа одиграни само два натпревари.

Љуботен на домашен терен стигна до висок триумф од 4:0 над Дрита од Боговиње. Гостинскиот тим имаше сили за отпор само во првиот дел, а во вториот дел четири пати се тресеше мрежата на гостите.

Бесар Ибрахими беше двоен стрелец, додека пак Флоријан Синани и Славче Антовски постигнаа по еден гол.

Влазерими Ј 1977 со убедливи 9:0 го „здроби“ Камјани, кој немаше сили да му парира на домашниот тим. Дрилон Зендели постигна хет-трик, двоен стрелец беше Осман Исмаили, додека по еден гол постигнаа Аган Зубер, Белул Небиу, Мирлинд Ибраими и Африм Латифоски.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!