ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Љуботен со убедлива победа, Влазерими ја отвори сезоната со победа

Со два натпревари денес беше комплетирано 2. коло од Третата македонска фудбалска лига Запад.

Љуботен денес со 5:2 го декласираше составот на Трабзонспорт. Домашниот состав до високиот триумф стигна со двата погодоци на Бесар Ибрахими, и погодоците на Флоријан Синани, Роберт Димитриески и Валентин Петровски. За гостите стрелци беа Ерсел Дико и Вулнет Елмази.

Влазерими Јуниор со минимален триумф од 0:1 над Речица ја отвори новата сезона, откако во 1. коло.

Денес екипата на Влазерими Јуниор која е нов член во Трета лига – Запад со голот на Дрилон Зендели стигна до триумф во новата сезона.

Вчера, во воведниот меч Зајази со 2:1 славеше над Камјани.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!