Љуботен со убедлива победа над Нераште, Зајази минимално го совлада Напредок

Со два воведни натпревари денес беше отворено 12. коло од Третата лига – Запад.
Љуботен 4:1 Нераште
Екипата на Љуботен одигра фантастичен натпревар и со високи 4:1 го декласираше Нераште. Домашната екипа стигна прва до предност од 1:0 со гол на Антовски Славче постигнат во 19. минута. Само четири минути подоцна Нераште преку Мемиши Харбин израмни на 1:1. Костадиновски Ивица во вториот дел од натпреварот беше двоен стрелец за водство од 3:1, првиот гол го постигна го 76. минута, додека вториот пет миути подоцна. Конечните 4:1 ги постави Димитријевски Христијан.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Зајази 1:0 Напредок
Зајази на домашен терен минимално го совлада Напредок (1:0) и ја запиша четвртата сезонска радост. Стрелец на единствениот гол кој падна во 85. минута беше Мехмеди Флориан.
оментари