ЛШ: Салах го остави Милан без европски настапи, Атлетико го збриша Порто, Реал пресилен за Интер

Ливерпул ја запиша шестта победа во групната фаза од Лигата на шампионите откако со 1:2 славеше на „Сан Сиро“ и го урна сонот на Милан за европски настапи, откако италијанскиот гигант заврши на последното место во групата.
За гостите од Англија стрелаа Мохамед Салах и Дивок Ориџи, додека пак за Милан погоди Фикајо Томори.
Атлетико Мадрид како второпласиран од групата Б обезбеди осминафинале од ЛШ откако го совлада Порто на гости со високи 1:3.
Гризман, Кореа и Де Пол стрелаа против Порто, за гостите од пенал погоди Серџо Оливеира. Португалскиот тим патува во Лигата на Европа.
Реал со сигурни 2:0 го совлада Интер на „Сантијаго Бернабеу“. Тони Корс и Марко Асенсио стрелаа за „кралевите“.
Шериф ремизираше против Шахтјор Доњецк, а македонскиот репрезентативец Бобан Николов одигра едно полувреме и погоди за неговиот тим кој оди во Лигата на Европа како третопласиран во групата Д.
Ајакс со 4:2 во Амстердам го декласираше Спортинг Лисабон. Халер, Ентони, Нерес и Берхиус стрелаа за домашната екипа. И покрај големиот пораз португалскиот тим патува во осминафилането.
Борусија Дортмунд ќе се пресли во Лигата на Европа, а во последниот меч во групната фаза од ЛШ германскиот тим со 5:0 го декласираше Бешикташ. Мален беше стрелец на едниот погодок, а Марко Ројс и Ерлинг Халанд беа двојни стрелци.