Европски ФудбалФудбал

ЛШ: Џеко го среди Шахтјор, Ајакс продолжува да нижи победи! (ВИДЕО)

Интер вечерва со триумфот над Шахтјор Доњецк со резултат од 2:0 дојде до позиција за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Стрелец на двата погодоци за „Нероаѕурите“ беше Един Џеко кој двата погодоци ги постигна за шест минути односно во 61. и 67. минута од мечот.

За да и официјално актуелниот италијански шампион се пробие во нокаут фазата од елитното натпреварување ќе мора да се надева на пораз на Шериф Тираспол од Реал Мадрид.

Ајакс веќе се пласираше во осминафиналето, но и понатаму нижи победи во елитното натпреварување, откако вечерва со 1:2 на гостински терен го сруши Бешикташ.

Гезал од пенал во 22. минута донесе водство за домаќините, а Ајакс во вториот дел преку двата погодоци на Себастиен Халер во 54. и 69. минута дојде до победа преку пресврт.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!