ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

„Лозари Исток“ најавуваат голема поддршка за Тиквеш на гостувањето кај непоразениот лидер Струга Трим Љум

Тиквеш денес има тешко гостување кај непоразениот лидер Струга Трим Љум во рамки на осмата рунда од домашниот шампионат.

Кавадарчани имаат силна мотивација во себе пред дуелот со Струга, откако на домашен терен нанижаа две последователни победи против Шкупи и Академија Пандев. Иако гостуваат кај непоразениот лидер, Тиквеш оди да направи изненадување и покрај езерото.

Токму во Струга, Тиквеш ќе има силна поддршка од верните „лозари“ кои доаѓаат да го бодрат својот миленик за продолжување на победничката низа.

Пред околу еден час навивачите од Кавадарци тргнаа организирано кон Струга. Натпреварот ќе започне во 15 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!