Европски ФудбалФудбал

Лоши вести за Фулам, Јувентус го сака Митровиќ

Александар Митровиќ го заслужи статусот на божество меѓу навивачите на Фулам и селекцијата на „орлите“, но на Јувентус му треба стрелец.

Торински „Тутоспорт“ објави дека Јувентус сака да го спаси популарниот напаѓач на Фулам Александар Митровиќ од второлигашкиот ранг.

Митрогол, кој ја однесе Србија во Катар со сензационална победа и гол над Португалија во Лисабон (1:2), ја просејува мрежата во Чемпионшип и го издигна Фулам на лидерската позиција со резултат од 21 гол во 18 натпревари.

Сензационалната форма во која се наоѓа Митрогол го привлече интересот на Виљареал, а сега и на „Старата дама“.

„Тутоспорт“ пишува дека директорот на Јувентус, Федерико Черубини останал во Лондон по гостувањето и поразот од Челзи (4:0), а главна причина за тоа е Александар Митровиќ.

Се распрашуваше за статусот, плановите и условите под кои може да ја промени средината. Тој зборуваше и за трансферите на Арон Ремзи и Дејан Кулушевски, за кои постои интерес на Островот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!