Европски ФудбалФудбал

Лопетеги експресно го одби Тотенхем

Претседателот на Севилја, Хозе Кастро изјави дека е одбиена понудата на Тотенхем за тренерот Хулен Лопетеги.

Кастро рече дека Лопетеги добил неколку понуди, но дека тој дури и не ги слушал, објави „Би-Би-Си“.

Тотенхем е скоро три месеци без тренер, откако беше отпуштен Жозе Мурињо, а „петлите“ и понатаму активно бараат тренер, но без успех.

„Хулен ме повика и ми кажа дека имал понуда, но дека не ги слушал. Тоа била вртоглава понуда од Тотенхем. Ми рече дека е мотивиран овде. Му верувавме и му веруваме, му дадовме нов двегодишен договор и сигурен сум дека ќе донесе уште многу за клубот. Некои тренери се водат од економски причини, но Хулен е многу јасен, тој е среќен овде“ изјави Кастро.

Изминатиот период многу имиња се поврзуваа со клупата на Тотенхем, од Маурисио Покетино, Антонио Конте, Пауло Фонсека до Џенаро Гатузо и многу други, но решение се уште нема.

Лопетеги кариерата ја започна како асистент во У-17 шпанската репрезентација, потоа беше тренер во Рајо Ваљекано, Б-тимот на Реал Мадрид, селектор на шпанската репрезетанција У-19, потоа У-20 и У-21, па го презеде Порто, потоа беше селектор на сениорската репрезентација на Шпанија, го презете Реал Мадрид и сега ја води Севилја.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!