Локотимова само до реми со Марена, голем пораз за Црнилиште од Динамо, Младост 1930 со голема победа над Превалец

Денешното 23. коло од Третата лига – Југ донесе неочекувани резултати кои многумина ги изненади. Лидерот Локомотива одигра само 0:0 со Марена и не успеа да ја оправда фаворитската улога која ја имаше, а ниту Ново Црнилиште не ја оправда фаворитската улога која на гостувањето кај Динамо загуби со 4:2. Домаќинот во 20. минута со гол на Мечев Мартин стигна прв до водство, а во 33. минута Талески Стефан ја дуплираше предноста за Динамо. ВО 65. минута Црнилиште преку Сулеманоски Дашмир намали на 2:1, но по три минути игра судијата Илиоски покажа на белата точка, а Крстески Александар успешно реализираше за 3:1. Во 72. минута Иваноски Стефан донесе водство од 4:1, а конечните 4:2 ги постави Ќамили Блеранд.
Ниту Превалец не ја оправда фаворитската улога кој во Кривогаштани со 3:2 беше поразен од Младост 1930. Голем триумф за домашната екипа која стигна до шести сезонски триумф. Домашната екипа уште во 8. минута стигна до водство од 1:0 со гол на Китаноски Димитар. По пет минути игра во второто полувреме Блажески Јовица донесе двојна предност за Младост. Во 64. минута Андов Бобан намали на 2:1. Во самиот финиш од натпреварот паднаа два погодоци. Во 89. минута младиот Чичоски Стефан постигна гол за 3:1, а по една минута Чоков Антонио намали на конечните 3:2.
Големото дерби меѓу Братство и Дојранско Езеро заврши без победник откако двете екипи одиграа 1:1. Екипата од Дојран уште една покажа дека не признава фаворити. Алиоски Музафер во 53. минута погоди за 1:0, а по десет минути игра Маринковиќ Оливер ги постави конечните 1:1.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ
Големо Коњари стигна до голема победа во дерби пресметката за опстанок со Младост од Удово откако на домашен терен славеше со минимални 1:0. Стрелец на единствениот победнички погодок беше Божиноски Николче постигнат во 61. минута.
Обршани и Напредок од Круешани ремизираа играјќи 1:1. Први до водство стигнаа гостите со гол на Димески Христијан во 19. минута. Девет минути подоцна судијата Макалоски покажа на белата точка за домаќинот кој преку Димоски Антониот израмни на конечните 1:1.
Лидер на табелата останува Локомотива која има предност од седум бодови во однос на второпласираниот Братство 07. Голема неизвесност ќе има околу опстанокот во третолигашкото друштво.
Еден Коментар