ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Локомотива се врати на лидерското место, Дојранско Езеро, Превалец и Вардар Неготино со убедливи победи

Одложеното 18. коло од Третата лига – Југ поради обилните врнежи од снег беше одиграно денес.

Дојранско Езеро 7:0 Марена

Најубедливата победа беше во Дојран, каде Дојранско Езеро немаше милост и со 7:0 ја распадна Марена. Резултатот беше отворен во 10. минута со гол на Илиев Петар. Во 26. минута судијата Ристов Ангелчо покажа на белата точка, а одговорноста ја презеде Ајцев Јован кој успешно реазлираше за 2:0. Пет минути подоцна Реџепов Ајхан постигна гол за 3:0 на полувреме. Во вториот дел Марена немаше сили да го запре налетот на домашната екипа, која веќе во 54. минута со гол на Ивковиќ Цветан имаше водство од високи 4:0. Во 63. минута Илиев Петар со втор гол зголеми на 5:0. Десет минути подоцна Маринковиќ Оливер ја затресе мрежата на 6:0, а конечните 7:0 ги постави нововлезениот Џокиќ Драган во 87. минута.

Дојранско Езеро – Марена

Превалец 6:0 Илиден БС

Фаворитот Превалец без никакви проблеми запиша убедлива победа над „фенерџијата“ Илиден БС од 6:0. Најдобар играч на натпреварот беше Стојанов Пеце кој стигна до хет-трик. Резултатот беше отворен во 32. минута со гол на Стојанов Пеце, кој по една минута постигна уште еден гол. Во 43. минута Јовев Мартин погоди за 3:0 на полувреме. Во вториот дел Превалец продолжи со убедливата игра. Во 58. минута Стојанов го постигна третиот гол за 4:0, а седум минути подоцна нововлезениот Давитков Иванче постигна гол за 5:0. Во 75. минута Ѓорѓиевски Живко ги постави конечните 6:0.

Динамо 0:6 Вардар Неготино

Вардар Неготино под водство на тренерскиот тандем Смилков – Чаушев врза втора победа, откако во Прилеп славеше над Динамо со високи 0:6 и ја оправда фаворитската улога. Победата го остава Вардар во сериозна трка за првото место и можност да се врати во Втората лига – Исток. Мојсовски Дарко со гол во 39. минута му донесе водство на гостинот од Неготино, а четири минути подоцна Најдов Петар постигна гол за 0:2. Во вториот дел гостинската екипа продолжи со одличната игра и веќе во 60. минута имаше водство од 0:3. Нововлезелниот Димовски Борче се распука со два брзи гола, во 75. и 77. минута за водство од 0:5 над Вардар Неготино. Конечните 0:6 ги постави Ѓорѓиев Игор кој влезе од клупата за резерви.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Младост 1930 0:1 Обршани

Обршани конечно ги изратува своите фанови и ја запиша првата пролетна победа, откако на гостувањето во Кривогаштани кај Младост 1930 славеше со минимални 0:1. Стрелец на единствениот гол кој падна во 23. минута беше Крстевски Бобан.

Младост Удово 0:1 Локомотива Градско

Локомотива од Градско се намачи и запиша минимална победа од 0:1 над Младост во Удово, а со тоа се врати на лидерското место на табелата. Најзаслужен за победата е Ќазимов Аделин кој постигна гол во самиот финиш од натпреварот, односно во 87. минута.

Претходно беа одигра два натпревари, за кои веќе известивме.

Братство 3:0 Големо Коњари (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)

Напредок Крушеани 2:4 Питу Гули (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)

Во однос на табелата лидер повторно е Локомотива Градско со 38 бодови, Ново Црнилиште повторно е втор со 37 бодови. На третото место е Превалец со 34 бодови, а еден помалку има Братство 07 кој е на четвртото место. На петата позиција е Вардар Неготино со 31 бод, колку што има и Напредок Крушеани кој е на шестото место.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!