Локомотива се намачи со Питу Гули, Вардар Неготино и Ново Црнилиште со убедливи победи, Големо Коњари го „сруши“ Превалец

Денес се одиграа шест натпревари од 21. коло од Третата лига – Југ, колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот меѓу Братство 07 и Динамо.
Локомотива Градско 1:0 Питу Гули
Лидерот Локомотива на теренот во Градско потешко од очекуваното стигна само до минимална победа над Питу Гули од 1:0. Стрелец на единствениот гол кој падна во 83. минута беше Шабановски Робин.
Големо Коњари 1:0 Превалец
Екипата на Големо Коњари стигна до најважниот триумф во сезоната, откако на домашен терен стигна до минимална победа над фаворитот Превалец од 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Мирчески Зоран постигнат во 20. минута.
Обршани 2:0 Дојранско Езеро
Обршани конечно ги израдува своите фанови, откако на домашен терен славеше со 2:0 над Дојранско Езеро. Стрелец на првио гол беше Ликоски Филип во 33. минута. Вториот гол го постигна Димоски Антониот во 73. минута.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Вардар Неготино 5:0 Младост Удово
Фаворитот Вардар Неготино на „Цвај Арена“ го збриша Младост од Удово со високи 5:0. Резултатот беше отворен во 21. минута со гол на Шишков Ѓорги, по што следуваа негови два брзи гола во 40. и 43. минута за 3:0 на полувреме. Во 60. минута нововлезениот Стојанов Јане зголеми на 4:0, а конечните 5:0 ги постави Ѓорѓиев Игор во 76. минута.
Младост 1930 0:6 Ново Црнилиште
Екипата на Младост 1930 на домашен терен доживеа голем пораз од Ново Црнилиште со 0:6. Херој на натпреварот за убедливата победа беше Ибраимоски Ерџан. Резултатот беше отворен во 22. минута со гол на Ќамили Блеранд. Во 28. минута Ибраимоски Ерџан постигна гол за 2:0, а десет минути Ќамили со втор гол донесе водство од 3:0. Пред крајот на првиот дел Ибраимоски со втор гол донесе водство на 4:0 на полувреме. Во вториот дел Ибраимоски постигна три погодоци за конечните 0:6.
Братство 07 – Динамо (7 април 2021)
Натпреварот ќе биде одигран во среда на 7 април.