ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Локомотива од Градско на прва контролка против Росоман, натпреварот ќе се пренесува во ЖИВО!

Третолигашот Локомотива од Градско во недела го игра првиот контролен натпревар против второлигашот Росоман.
Натпреварот ќе се одигра на игралиштето во Росоман со почеток од 13:00 часот.
Претходно, Росоман одигра контролен натпревар со Ново Црнилиште кој го доби со 3:4.
Интересно е тоа што Локомотива која е есенски шампион во Третата лига – Југ и која атакува на Втора лига, ќе овозможи пренос во живо од овој контролен натпревар. Инаку, Локомотива е меѓу ретките клубови во Македонија која ги пренесува сите првенствните натпревари во живо на социјалните мрежи, а единствен клуб кој ќе овозможи пренос во живо од контролен натпревар од рамките на тековните подготовктие за пролетната полусезона. Едно големо БРАВО за клубот од Градско.