ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Локомотива на контролка со Тиквеш, третолигашот гарантира оптимални услови за игра

Во среда ќе се одигра контролен натпревар меѓу Локомотива Градско која атакува на Втора лига – Исток и Тиквеш од Кавадарци кој атакува на Прва лига.
Третолигашот од Градско гарантира исчистен терен и оптимални услови за одигрување на пријателскиот натпревар, кој исто така ќе биде пренесуван и во живо на Спортска Мрежа.
Тиквеш во неделата требаше да одигра контролен натпревар во Кочани против Осогово, но поради обилните врнежи од снег истиот беше одложен.
Големо пријателски дерби ќе се одигра во Градско со почеток од 14:00 часот.