Локомотива и Ново Црнилиште со убедливи победи, Вардар Неготино со мака го доби дербито со Обршани

Денес беа одиграни натпреварите од 14. коло од Третата лига – Југ.
Најубедлива победа запиша екипата на Ново Црнилиште која на домашен терен славеше со убедливи 6:0 над Младост Удово. Резултатот беше отворен во 36. минута со гол на Ибраимоски. На полувреме се замина со 1:0. Во вториот дел домаќините беа убедливи. Во 56. минута зголемија на 2:0 со гол од пенал, а реализатор беше повторно Ибраимоски. Десет минути подоцна Ќамили зголеми на 3:0. Во 80. минута Јусуфи зголеми на 4:0, а две минути подоцна Ибраимоски постигна хет-трик за 5:0. Во 85. минута Селманоски ги постави конечните 6:0.
Напредок Крушеани на домашен терен ремизираше со Дојранско Езеро играјќи 1:1. Први до водство дојдоа домаќините со гол на Јанкоски во 38. минута, а гостите од Дојран во 86. минута израмни на 1:1 преку Митков.
Питу Гули на домашниот терен во Крушево со 4:0 го декласираше Динамо. Резултатот беше отворен уште во 2. минута со гол на Бубаќоски, а пред крајот на првиот дел домаќинот зголеми на 2:0 со гол на Милошевски. Во вториот дел Питу Гули продолжи со одличната игра. Во 70. минута зголеми на 3:0 со гол на Стрезовски, а пред крајот на натпреварот младиот Ѓорѓиев ги постави конечните 4:0.
Лидерот Локомотива со убедлива победа од 5:0 на домашен терен го декласираше Младост 1930. Победникот беше решен до 21. минута кога домаќинот имаше водство од 4:0. Двоен стрелец беше Ќазимов, Атанасовски и Усеинов. Во 42. минута Мемков ги постави конечните 5:0.
Братство со 0:3 славеше на гостувањето кај Марена. Првиот гол падна во 22. минута, стрелец беше Шабанов. Во 62. минута Фазлиоски постигна гол за 2:0, а Шабанов со втор гол ги постави конечните 0:3.
Големо Коњари славеше на гостување кај Илинден во Башино Село со 1:2. Први до водство дојдоа домаќините во 66. минута со гол на Рогужаров. Во последните 3 минути од натпреварот, гостите со два гола дојдоа до голема победа. Стрелец на првиот гол беше Мирчески, а на вториот Божиновски.
Вардар Неготино се намачи но го доби дербито со Обршани. Гостите први дојдоа до водство во 43. минута со гол на Ѓорески. Во вториот дел домаќинот направи голем притисок и во 70. минута израмни на 1:1 со гол на Чаушев, а конечните 2:1 ги постави Ѓорѓиев за голема победа на Вардар Неготино.
Лидер на табелата е Локомотива со 31 бод, колку што има и второпласираната екипа на Ново Црнилиште, додека на третото место е Напредок од Крушеани со 28 бодови.
Целата табела од Третата лига – Југ погледнете ја ОВДЕ.