ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Локомотива Градско со убедлива победа над Ново Црнилиште

Есенскиот шампион Локомотива Градско денес го одигра вториот контролен натпревар кој го доби со убедливи 1:6 над екипата на Ново Црнилиште. Фантастина игра на лидерот од Градско кој атакува на влез во Втора лига – Исток, одличниот Ќазимов уште еднаш ја потврди својата одлична игра со постигнатиот хет-трик на денешниот контролен натпревар.

Резултатот беше отворен во 16. минута со гол на Ибраимоски за водство на Ново Црнилиште од 1:0. Во 27. минута Нацев стрелаше за 1:1, а десет минути подоцна Локомотива со два брзи гола на Мемков и Ќазимов направи комплетен пресврт на натпреварот и на полувреме резултатот гласеше 1:3.

Во вториот дел доминацијата и одличната игра на лидерот од Градско продолжи. Во 50. минута Усеинов зголеми на 1:4, а во листата на стрелци по втор пат се запиша Ќазимов кој во 65. минута од натпреварот погоди за 1:5. Ново Црнилиште немаше отпор за налетот на Локомотива, а Ќазимов во 80. минута од натпреварот направи хет-трик.

Локомотива е еден од најсериозните фаворити за влез во Втора лига – Исток, а денешната убедлива победа со фантастичната игра на теренот е уште една потврда за фаворитската улога која ја има.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!