ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Локомотива Градско на тест против Овче Поле во Свети Николе

Лидерот од Третата лига – Југ, екипата на Локомотива од Градско во недела ќе одигра контролен против Овче Поле.

Дуелот кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе ќе биде вистински тест и за двете екипи кои претендираат за пласман во повисок ранг.

Локомотива е лидер во Третата лига – Југ и е еден од главните фаворити за влез во Втора лига – Исток. Овче Поле есенската полусезона ја заврши на третото место на табелата во Третата лига – Исток и исто така е главен кандидат за влез во Втората лига – Исток.

Контролката која ќе може да се следи во ЖИВО на Спортска Мрежа се игра со почеток од 14:00 часот и најверојатно ќе значи „генералка“ и за двете екипи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!