ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Локомотива Градско на контролка против Ново Црнилиште, пренос во живо од пријателското дерби!

Во недела на игралиштето во Црнилиште ќе се одигра пријателско дерби меѓу третолигашите Ново Црнилиште и Локомотива од Градско.
На првиот тест Ново Црнилиште загуби со 3:4 од второлигашот Росоман, а со минимални 1:0 загуби и Локомотива од Росоман.
Натпреварот ќе стартува во 13:00 часот и истиот ќе може да се следи во живо на Спортска Мрежа.