ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Локомотива Градско на контролен натпревар против Вардар

Новиот член на Втората лига – Исток, екипата на Локомотива од Градско во вторник ќе одигра контролен натпревар против најтрофејниот македонскиот клуб Вардар.

Натпреварот ќе се одигра на фудбалското игралиште АМС во Градско со почеток од 18:00 часот, а вторник ќе биде историски ден за фудбалот во општина Градско.

Во новата сезона Вардар за првпат ќе игра како второлигаш, откако минатата сезона заврши на претпоследното место во Првата лига и отпадна во Втора лига – Запад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!