ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Локомотива Градско и Вардар Неготино на пријателски натпревар

Третолигашите Локомотива Градско и Вардар Неготино утре ќе одиграат пријателски натпревар во рамки на летните подготовките за новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Југ.

Двете екипи во новата сезона од ТМФЛ – Југ влегуваат со високи цели и атак на врвот од табелата. Локомотива минатата сезона беше дел од Втора лига – Исток, но експресно отпадна откако заврши на дното од табелата. Во новата сезона Локомотива влегува со цел да направи кам-бек во второлигашкото друштво.

Вардар Неготино минатата сезона беше прв во Трета лига – Југ и играше бараж за влез во Втора лига, но истиот го загуби од Караорман во пенал-рулетот.

Пријателскиот меч се игра утре со почеток од 17:30 часот на теренот во Градско.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!