Локомотива го доби Братство и стана есенски шампион, Превалец подобар од Напредок Крушеани

Локомотива одигра одличен натпревар и со 0:2 славеше над Братство и стана есенски шампион во Третата лига – Југ. Резултатот на натпреварот беше отворен во 25. минута, а стрелец беше младиот Иванов. Во вториот дел домаќините се обидуваа да креираат сериозна шанса и да го израмнат резулатот, но одличната Локомотива не дозволи изненадување и во 89. минута преку одличниот Ќазимов зголеми на 0:2 со што победникот беше решен.
Превалец го доби дербито со Напредок Крушеани и славеше со минимални 1:0 на домашен терен. Стрелец на единствениот гол беше Јанкулоски Христијан кој погоди во 75. минута од мечот.
Вардар Неготино ремизираше во големото дерби со Ново Црнилиште играјќи 1:1. Гостите од Црнилиште први го отворија резултатот преку Ибраимоски во 7. минута од натпреварот. Во вториот дел Вардар одигра подобро и преку Жарко Донев израмни на 1:1.
Обршани на домашен терен одигра одличен натпревар и се врати на победите, откако со 4:2 славеше над Илинден од Башино Село.
Големо Коњари дојде до голем бод откако ремизираше на домашен терен со Марена играјќи 2:2.
Дојранско Езеро на домашен терен одигра 2:2 со екипата на Младост од Удово, а реми имаше и во Кривогаштани каде Младост ремизираше без голови со екипата на Питу Гули од Крушево.
Локомотива е есенски шампион во Третата лига – Југ со освоени 28 бодови, исто колку што има и второпласираната екипа на Ново Црнилиште. На третото место е екипата на Превалец која има 27 бодови, а ист број на бодови има четропласираниот Напредок од Крушеани.
На дното од табелата останува Илинден со 5 бодови, Големо Коњари со 7 бодови е на 14. место, додека место погоре е екипата на Питу Гули која одвај собра 8 бодови.
Еден Коментар