ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Локомотива добива нов стручен штаб, екипата од вторник започнува со тренинзи !?

Откако Диме Тодоровски си поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб во Локомотива, Спортска Мрежа ексклузивно дознава дека – второлигашот од Градско наверојатно веќе утре добива нов стручен штаб.

Спортска Мрежа дојде до информации дека новиот стручен штаб на Локомотива ќе биде составен од професор Блаже Панов, едуциран, млад и перспективен македонски тренер кој има УЕФА Про лиценца. Професор Сашко Пановски кој има УЕФА Б лиценца и „стариот лисец“ Никола Глигоров кој ќе биде координатор на екипата од Градско.

Според информациите со кои располагаме новиот стручен штаб со работа ќе започне од вторник со што екипата после неколку дена не тренирање ќе започне со тренинзи и подготовките за натпреварот против Детонит во Радовиш кој е од големо значење за второтлигашот од Градско во битката за сигурен опстанок во второлигашкото друштво.

Дефинитивно, Локомотива добива квалитетет стручен штаб, со што очекувањата се клубот да започне со позитивни резултати.

Инаку, Пановски минатата сезона ја водеше Локомотива до шампион во Трета лига – Југ и успеа да обезбеди директен пласман во Втора лига – Исток.

Глигоров е искусен и тренер кој во Македонија има тренирано повеќе прволигаши и второлигаши, па со своето искуство ќе биде од големо значење во стручниот штаб на Локомотива.

Кавадарчанецот Блаже Панов успешно го положи фудбалскиот тест во Русија со што стекна УЕФА Про лиценца 2013/14 и му се отвара можноста за работа како тренер во било кој клуб во Европа.

Ако се земе предвид дека бројот на пријавени учесници за секоја земја за Про лиценцата на УЕФА е ограничен и странците тешко се пробиваат, тогаш јасно е колку е значајно остварувањето на Панов. Упорноста на македонскиот тренер се исплатеше, а дипломата од Русија е награда за вложениот труд. Нашиот фудбалски стручњак во поголемиот дел од 2014 година стекнуваше искуство во рускиот прволигаш ЦСКА Москва, кој беше учесник и во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Професорот Панов десет години од својот живот помина низ тренинг центрите на најголемите европски фудбалски клубови студирајќи ја фудбалската наука

Што се однесува со Панов тој е беше шеф на стручен штаб на Тиквеш во сезона 2017/2018 кога Глигоров беше извршен директор на Тиквеш и на Победа во сезона 2018/2019. Инаку, Панов беше на специјализации во Парма, Милан, Црвена Ѕвезда, Гомел, Олимпија и ЦСКА Москва.

Како што дознава Спортска Мрежа, подготвен е проект односно план и програма за клубот да се „рестартира“ во секој поглед во однос на тоа што е испуштено од самиот почеток на првенството и да се корегираат сите недостатоци кои клубот ги имаше од самиот старт на првенството во Втора лига – Исток.

Играчкиот кадар ветува дека има потенцијал и најавени се попрофесионални потези кои ќе допринесат за подигање на квалитетот на играта и резултатите во однос на клубскиот начин на функционирањето кое што ќе следува веднаш по првиот состанок.

Тројката која меѓусебе одлично се познава е најдоброто решение за Локомотива во моментот која има единствена цел – опстанок во Втора лига која од следната сезона ќе биде единствена.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!