ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Локомотива Бентоекспорт го прегази Илинден, Беса Влазрими подобра од Њу Јорк

Лидерот Беса Влазрими запиша нова победа, откако со 1:2 беше подобра од Њу Јорк и останува на врвот во Третата лига – Север. Локомотива Бентоекспорт со 8:1 го прегази Илинден кој немаше сили ниту на момент да се наметне во играта. Риниа дојде до голем бод против фаворитот Маџари Солидарност во меч кој заврши со резултат 2:2.

Башкими сигурен против Речица со 2:0, Студена Вода го декласираше Волково со 5:2, Њу Старс до 3:0 ја преслусша екипата на ССК Нова. Петровец загуби дома со 0:2 од расположената Фортуна, Аеродром на свој терен загуби со минимални 0:1 од Раштак.

Беса Влазрими со 18 бодови е на врвот на табелата, додека два помалку има Студен Вода која е на втората позиција. Волково е „закован“ на последното место на табелата без освоени бодови, додека место погоре е Речица која има 3 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!