Европски ФудбалФудбал

Локатели експресно го одби Арсенал, сака трансфер во Јувентус

Екипите кои се заинтересирани за 23-годишникот се Јувентус и Арсенал, а лондонскиот тим му понуди на Локатели договор според кој ќе му плаќаат околу три милиони евра по сезона. Сепак, според италијанските медиуми, Локатели не е заинтересиран да се пресели во Лондон и го гледа трансферот во Торино во редовите на „старата дама“ како единствена опција.

Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус исто така испратил понуда до „црно-зелените“.

Локатели дебитираше професионално во дресот на Милан, а играше за „росонерите“ од 2016 до 2018 година, кога стана играч на Сасуоло – прво како позајмен играч, а потоа тимот од провинцијата Емилија-Ромања го откупи неговиот договор.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!