Лирија му „откина“ бод на големиот фаворит Црно Буки, Демир Хисар се „распука“ кон Стрела Спорт

Лирија одигра херојски натпревар против големиот фаворит Црно Буки и со 4:4 му „откина“ бод, а овој златен бод добива на тежина бидејќи домашните до истиот дојдоа со играч помалку на теренот. Ниту хет-трикот на Благоја Наумовски не беше доволен за триумф. Во листата на стрелци за гостите се запиша и младиот Димитар Кочишки. За домашната екипа двоен стрелец беше Јонус Рустеми, а по еден гол постигнаа Џемил Исмаили и Тони Настевски. Црвен картон заработи Агим Реџепи во 67. минута поради насилничко однесување, а уште тројца фудбалери на Лирија добија жолти картони. Кај Црно Буки дури седум фудбалери пожолтеа.
Демир Хисар во Могила го забележа третиот сезонски триумф, откако со високи 1:4 ја декласираше Стрела Спорт и ја „зацементира“ на дното. Оливер Јанкуловски беше двоен стрелец за гостите, а по еден гол постигнаа Стевче Ангелевски и Никола Здравески, додека пак за домашните стрелец на единствениот гол беше Мики Талевски.
Сатеска и Влазними ремизираа со по два гола (2:2) на теренот во Волино. Боге Бимбилоски беше стрелец за домашните, а Денис Шадов за гостите. Даниел Шекуткоски во 61. минута беше исклучен од игра поради втор жолт картон заработен за неспортско однесување.
Победа во Ивањевци дојде до вториот сезонски триумф откако во меч со седум голови славеше над Кравари со 4:3. Домашните последните десет минути од мечот ги одиграа со играч помалку, откако Денис Шабаноски поради директен црвен картон беше исклулен од игра, а истиот го заработи поради насилничко однесување – плукање на противнички играч. Двоен стрелец за победа беше Јасин Зеќироски, а по еден гол постигнаа Зоран Мирчески и Денис Шабаноски, а пак Бобан Крстески си постигна автогол. За гостите стрелаа Леонард Мустафовски и Саша Крстиќ.
Вчера дербито во Струга го доби Караорман кој беше убедлив над Македонија од Враништа со високи 6:1, а пак Новаци ја доби Преспа со 3:1.
ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022
Поз | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() | 12 | 11 | 1 | 0 | 45 | 10 | +35 | 34 |
2 | ![]() | 12 | 8 | 2 | 2 | 39 | 18 | +21 | 26 |
3 | ![]() | 12 | 7 | 1 | 4 | 26 | 24 | +2 | 22 |
4 | ![]() | 12 | 5 | 6 | 1 | 29 | 14 | +15 | 21 |
5 | ![]() | 12 | 6 | 3 | 3 | 28 | 20 | +8 | 21 |
6 | ![]() | 12 | 5 | 4 | 3 | 31 | 21 | +10 | 19 |
7 | ![]() | 12 | 4 | 4 | 4 | 31 | 29 | +2 | 16 |
8 | ![]() | 12 | 5 | 0 | 7 | 26 | 26 | 0 | 15 |
9 | ![]() | 12 | 3 | 3 | 6 | 15 | 29 | -14 | 12 |
10 | ![]() | 12 | 3 | 2 | 7 | 22 | 25 | -3 | 11 |
11 | ![]() | 12 | 2 | 4 | 6 | 21 | 34 | -13 | 10 |
12 | ![]() | 12 | 2 | 0 | 10 | 13 | 52 | -39 | 6 |
13 | ![]() | 12 | 1 | 2 | 9 | 10 | 34 | -24 | 5 |