Лирија го декласираше Влазними, Преспа го доби дербито со Кораб, Иднина Боровец славеш против Македонија Враништа

Денес беше комплетирано 6. коло од Трета лига – Југозапад кое беше отворено вчера со мечот меѓу Новаци и Јанг Тим, меч кој заврши со минимален триумф од 0:1 за гостите.
Денес убедлива победа однесе Лирија на домашниот терен во Грнчари, каде со 7:0 го декласираше тимот на Влазними. Четири погодоци постигна Благоја Наумоски, а по еден гол постигнаа Вехби Сакоја, Неџми Реџепи и Јонус Рустеми.
Иднина Боровец со минимални 1:0 славеше во дуелот со Македонија од Враништа. Стрелец на единствениот погодок кој падна во 81. минута беше Ермин Мехмедоски.
Демир Хисар преку пресврт со 2:1 славеше над Сатеска од Волино на домашен терен. На полувреме мрежите мируваа, додека пак во вториот дел Кипријан Петрески погоди за водство на гостите од Волино (0:1).
Домашниот тим преку Александар Николовски во 74. минута го израмни резултатот на 1:1, а по пет минути игра Аце Јанкуловски стрелаше за конечните 2:1.
Преспа го доби дербито со Кораб откако на Градскиот стадион во Ресен славеше со 2:1 над ланскиот второлигаш. Домашниот тим преку Денис Димитроски во 15. минута го отвори резултатот за водство од 1:0. Радоста не траеше долго, гостите од Дебар преку Хабиб Клобучишта го израмни резултатот на 1:1 во 27. минута од мечот.
Неизвесноста за трите бодови продолжи и во вториот дел, а Преспа преку Мевлан Усеиноски стигна до ново водство од 2:1. До крајот на мечот мрежите мируваа, а резултат од 68. минута стана конечен.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:
