Европски ФудбалФудбал

Лион драстично ја намали цената за Ауар, Арсенал наскоро ќе испрати понуда

Арсенал планира да испрати понуда до Лион од 20 милиони фунти за играчот за врска Хоусем Ауар, пишуваат англиските медиуми.

„Топџиите“ минатата година испратија 30 милиони фунти за 22-годишниот играч за врска, но Французите одбија и побараа близу 55 милиони фунти.

Сега „лавовите“ бараат многу помала сума за Ауар, а причината е што тие не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите и сакаат да заработат од продажбата на Французинот.

Говорејќи пред последниот натпревар на Лион во сезоната 2020/21, Ауар призна: „Ова може да биде мојот последен натпревар за клубот“.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!