Европски ФудбалФудбал

Лидс е на чекор до доведување на Жуниор Фирпо

Лидс е на чекор до доведување на дефанзивецот на Барселона, Жуниор Фирпо. Клубот од „Еланд Роуд“ веќе неколку недели преговара со Каталонците, а двете страни се блиску до договор, пишува „Гол Еспана“.

Челниците на клубовите веќе постигнаа договор за висината на обештетувањето, кој изнесува 15 милиони евра. По трансферот, Барселона е должна да проследи 15% до поранешниот клуб на Фирпо – Бетис.

24-годишникот е лев бек, роден во Санто Доминго (Доминиканска Република), кој има шпански пасош. Му се допадна идејата да се пресели на „Еланд Роуд“ за време на првиот контакт помеѓу Лидс и неговиот агент. Тој изјави дека има огромна желба да игра во Премиер лигата и да биде под тренерски надзор на легендарниот Марсел Биелса.

Тој пристигна на „Камп Ноу“ во 2019 година, но не успеа да се пробие во почетниот состав на Каталонците. Во последните две сезони, тој одигра 41 натпревар и постигна два гола во сите натпреварувања.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!