ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Лидерот Црнилиште гостува кај Големо Коњари, Локомотива домаќин на Дојранско Езеро, Вардар Неготино на Младост 1930

Веќе во среда продолжуваат возбудите од Третата лига – Југ со натпреварите од 17. коло.

Новиот лидер на табелата Ново Црнилиште ќе гостува кај екипата на Големо Коњари. Домаќинот минатото коло дојде до 2:2 со фаворитот Обршани и извади голем бод во борбата за опстанок, па тоа ќе го мотивира за ново изненадување и против новиот лидер Ново Црнилиште, кој доаѓа како голем фаворит за победа и три бодови кои ќе го остават на врвот.

Обршани на домашен терен ќе има тешка задача против расположената екипа на Братство 07. Обршани минатото коло се „лизна“ и одигра само 2:2 со Големо Коњари, додека Братство 07 запиша голема победа над амбициозниот Вардар Неготино, па во среда ќе се обиде да ја продолжи одличната серија резултати со цел да го напаѓа првото место.

Вардар Неготино после вчерашниот шок кај Братство 07 ќе се обиде веќе во среда да се врати на победите. Екипата од Неготино на домашен терен ќе се соочи со Младост 1930. Гостите од Кривогаштани доаѓаат да приредат ново изненадување, а тоа може да се случи. Вардар Неготино после вчерашното дерби е исцрпен во однос на екипата од Кривогаштани која вчера си доби службени три бода од натпревар со Илиден БС, бидејќи екипата не се појави на терен, па одмори и со три бода в џеп, Младост 1930 во Неготино доаѓа одмор и без притисок, што кај домаќинот притисокот за победа и фаќање приклучок со лидерот ќе биде голем.

Динамо ќе гостува кај екипата на Илиден БС, но прашање е дали овој натпревар ќе се одигра, бидејќи вчера екипата на Илиден БС не се појави на натпреварот со Младост 1930, па екипата сигурно ќе има санкции кои дополнително ќе и го загрозат третолигашкиот статус, но сепак останува да видиме дали домаќинот ќе го одигра овој натпревар или ќе се повлече од натпреварувањето, како и Габер кој се повлече по само неколку одиграни кола.

Марена на домашен терен ќе има тешка задача против одличниот Превалец кој според формата доаѓа како фаворит за победа и три бодови. Марена со одличната серија резултати дојде до средниот дел од табелата, а Превалец кој атакува за првото место и промоција во Втората лига – Исток ќе мора да пронајде решение за победа и дома да се врати со три бодови.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Локомотива на теренот во Градско ќе ја пречека екипата на Дојранско Езеро. Домаќинот после вчерашното реми во среда ќе треба да дојде до победа и три бодови со цел да биде во чекор со лидерот Ново Црнилиште кој има два победа повеќе. Гостинот од Дојран е „незгоден“ противник, па тоа ја прави борбата за трите бодови да биде неизвесна.

Питу Гули на домашен терен ќе се соочи со Младост од Удово. Домаќинот на теренот во Крушево ќе атакува на победа и три бодови со цел сигурен опстанок во третолигашкото друштво, а од друга страна гостинот од Удово во Крушево доаѓа по три бодови, кои можат да го искачат две места на табелата.

Лидер на табелата е Ново Црнилиште со 37 бодови, два помалку има второпласираната Локомотива од Градско, на делба на третото место се екипите на Превалец и Напредок Крушеани со по 31 бод.

Сите натпревари стартуваат со почеток од 15:00 часот, а неколку од нив ќе бидат пренесувани во ЖИВО на Спортска Мрежа со преноси овозможени од клубовите, за што дополнително ќе известиме.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!