Лидерот Струга петто коло по ред без победа, нема промени на врвот во ПМФЛ

По 14 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига нема промени на врвот од табелата. Струга Трим Љум иако пет кола по ред нема победа, останува на врвот од табелата. Стружани кои тргнаа одлично во новата сезона, последен пат победија на 17. септември, а во рамки на 14-тата рунда треба да бидат благодарни и на Академија Пандев, односно на „киксот“ на второпласираната Шкендија, која ремизираше со струмичани (1:1) во Тетово.
Па така, Струга е на врвот со 27 бодови, а пак Шкендија е втора со 24 бодови, додека пак Силекс, кој исто така ремизираше со Скопје (0:0) е трет со 23 бодови.
Шампионот Шкупи кој викендот беше слободен е четврти со 22 бодови, а потоа на делба на петото место се Тиквеш и Брегалница со по 19 бодови. Кавадарчани по лошиот старт се стабилизираа и сега сакаат борба за место во Европа, а со иста борба влегува и Брегалница, која откако го победи ривалот од Кавадарци сега сериозно прави притисок кон местата кои водат во Европа.
Македонија Ѓорче Петров минатата сезона доминираше на терените во ПМФЛ, но годинава е далеку полоша во однос на претходната сезона. „Лавовите“ од Ѓорче вчера запишаа триумф над Победа во Прилеп (1:3) и сега се седми на табелата со 16 бодови, откако Работнички одигра 1:1 со лидерот Струга и сега се спушти на осмото место со 15 бодови.
Победа е на деветата позиција со 11 бодови, а „пандевци“ кои два месеци не знаат за триумф од Тетово се вратија со бод и остануваат на десетото место со девет бодови.
На дното од табелата е Скопје со 6 бодови, откако викендот ремизираше во Автокоманда со кратовски Силекс (0:0).
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПМФЛ:
