ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Лидерот Слога ќе гостува во Радовиш, дуел меѓу Беласица и Саса, дерби меѓу Локомотива и Братство

Во сабота ќе гледаме интересни натпревари од Втората лига – Исток во рамки на 5. коло. Екипата на Слога од Виница која со максимален учинок е лидер на Истокот ќе гостува во Радовиш каде ќе се судри со повратникот Детонит кој во новата сезона не игра според очекуваното. Според формата и квалитетот Слога доаѓа како голем фаворит, а предност за радовишани е тоа што играат на домашен терен. Фудбалерите на Детонит ќе бидат под голем притисок за конечен прв триумф и фаќање на приклучок за опстанок во второлигашкото друштво. Во изјава за Спортска Мрежа, како што претходно објавивме, капитенот на Слога вели дека Детонит сигурно ќе посакува прва победа во првенството, но тој додава дека Слога ќе биде максимално подготвена и ќе го даде максимумот за трите бодови.

Во Струмица ќе гледаме голем дуел меѓу Беласица и Каменица Саса за напад на врвот. Двете екипи ја делат втората позиција со по 10 освоени бодови или два помалку од лидерот Слога, па евентуална победа на овие две екипи и кикс на Слога ќе значи и нов лидер на Истокот. Беласица е во блага фаворитска предност првенствено поради тоа што игра на домашен терен.

Победа на домашен терен ќе атакува на трет сезонски триумф со цел да фати приклучок за врвот со лидерот Слога, Беласица и Каменица Саса. Домашниот терен и публиката која сигурно ќе биде повторно во голем број ќе бидат голема предност за прилепчани да ги обезбедат трите бодови против Осогово кој пополека се стабилизира после двата порази од воведните две кола.

Кит Го на домашен терен ќе ја пречека екипата на Кожуф. Домаќинот од Пехчево со новиот тренер пополека почнува да фаќа приклучок за високите места од табелата, па во минатото коло на „Могила“ буквално го распадна Братство со високи 0:4. Ваквата победа за Кит Го ќе биде силен мотив како и домашниот терен за да се забележи третата сезонска победа и да се направи значителен прогрес на табелата кон врвот. Кожуф во новата сезона не игра според очекуваното, екипата од Гевгелија после победата во првото коло забележа два порази и тоа на домашен терен и едно реми против Детонит во Радовиш, па со четири бодови е на делба на шестата позиција.

Можеби најголемиот фокус ќе биде во Градско каде ќе се судрат големите ривали Локомотива и Братство, но сега како второлигаши. Двете екипи минатата сезона се натпреваруваа во Третата лига – Југ, на крај од сезоната Локомотива како шампион обезбеди директен пласман во ВМФЛ – Исток, додека Братство како вицешампион во баражот против Хоризонт Турново обезбеди историско учество во второлигашкото друштво. Теренот во Градско сигурно ќе биде полн со гледачи.

Натпреварите се играат во сабота со почеток од 15:00 часот.

ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!